Сестринска заклетва

 


Свечено се обврзувам пред Бога и присутните овде, дека ќе го поминам својот живот во морална чистота и дека верно ќе и служам на својата професија.

Јас ќе се воздржувам од било каков неконтролиран пристап со болниот и никогаш нема да применам свесно било каков лек кој би можел да му наштети.

Се што е во мојата моќ ќе направам да го подобрам нивото на својата професија и ќе ги држам во тајност сите лични информации кои ќе ги дознаам во извршувањето на мојата професија.

Со полна лојалност, до крај ќе му помагам на лекарот во неговата работа околу болните луѓе.

Флоренс Најтингел