Брокула
железо, бетакаротен, фолна киселина и многу други корисни состојки.

Брокулата е јак антиоксиданс, кој го штити организмот од штетното дејство на слободните радикали. Таа го детоксицира организмот. Детоксикацијата е процес на чистење на организмот од отрови (токсини), кои го намалуваат имунитетот и ја зголемуваат веројатноста од заболување. Според тоа, брокулата е одличен природен лек кој го зајакнува имунитетот. Со зајакнувањето на имунолошкиот систем во организмот, тој успешно се бори против инфекциите и другите штетни влијанија врз организмот. Брокулата го превенира настанување на многу заболувања, влучувајќи ги и малигните болести. Таа го одржува организмот во одлична психичко - физичка кондиција.

Брокулата ги штити слузниците, посебно цревната слузница

Брокулата е одлична за заштита на слузниците, а особено е корисна за заштита на цревната слузница. Таа е лесно сварлива и богата е со растителни влакна кои ја одржуваат нормалната функција на организте за варење и ја одржува нормалната цревна флора.

Брокулата го одржува здравјето на срцето и крвните садови

Консумирањето брокула го одржува здравјето на срцето и ги прави крвните садови поеластични, со што се и подобува циркулацијата на крво во организмот. на тој начин штити од кардиоваскуларни заболувања, велат светските лекари, кои советуваат секојдневно консулирање на брокула.

Брокулата го зголемува производството на ензими кои го штитат срцето од разни оштетувања.

Познато е дека пет помали порции зеленчук дневно го намалува ризикот од појава на кардиоваскуларни болести, а според резултатите од најновите истражувања, барем еден од тие оброци треба да биде со лесно сварени брокули, но брокулата може да се јаде и сирова, во вид на салата, зачинета со лимонов сок и маслиново масло.

Изобилува со железо, богата е со Ц-витамин и овозможува да се елиминира вишокот на задржаната течност во организмот, а на тој начин ги елиминира токсините од организмот и го растеретува срцето. Таа ја намалува и спречува слабокрвноста, бидејќи содржи железо и болна кислеина, како и витамини од групата Б.

Луѓето кои јадат брокули имаат значително пониско ниво на холестерол, кој е главна причина за развој на атеросклероза, а со тоа и за настанување на срцев и мозочен удар. Познато е дека консумацијата на брокули и слични видови зеленчук го намалува ризикот од срцев и од мозочен удар, пишува Америцан Јоурнал оф Респираторѕ анд Цритицал Царе Медицине.

Брокулата го одржува здравјето на белите дробови

Состојката во брокулата, сулфорапан, може да ги ограничи оштетувањата кои доведуваат до хронична опструктивна болест, објавиле американските научници. Тестирањата спроведени на Јохнс Хопкинс Сцхоол оф Медицине покажале дека состојката во брокулата, сулфорапан, ја зголемува активноста на генот НРФ2 во клетките на белите дробови и така ги штити од оштетувања предизвикани од токсините.

Истражувањата од лабораториските животни сугерираат дека намалената активност на НРФ2 генот е поврзана со развој на тежок облик на емфизем, една од состојбите која ги погодува луѓето со хронична опструктивна болест.

Поранешни студии покажале дека сулфорапан, има заштитна улога во однос на оштетувањата на крвните садови до кои доаѓа поради дијабетот (шеќерна болест).

Брокулата е добра за мозокот

Повредите на мозокот ги оштетуваат споменатите протеини, а истражувањето утврдило дека брокулите го намалуваат губитокот на функциите на тие протеини.

Заштитните својства му се препишуваат на сулфурафанот, состојка која ја има во брокулите, но и во други зеленчуци од таа фамилија.

Брокулите освен тоа штитат и од рак, а младите брокули (стари само неколку дена) се уште подобра заштита бидејќи содржат 20 пати повеќе СГС (Сулфурофатен глукозинат), кој е задолжен за борбата против болест.

Брокулата има антиканцерогено дејство и е природен лек кој спречува појава на рак

Според многу клинички студии, само 100 грама брокули дневно го намалуваат ризикот од рак. Таа содржи одредени количества витамини А, Ц и Е и е значаен антиоксиданс. Брокулата може да го забави процесот на оштетување на клетките, „нагризени” од слободните радикали, кои доведуваат до стареење и појава на разни болести вклучувајќи ги тука и малигните болести. Овој зеленчук содржи речиси двапати повеќе витамин Ц, на пример од портокалот, а го зајакнува и одбранбениот механизам на организмот.

СГС (Сулфурофатен глукозинат) кој го содржи брокулата ги убива туморите, ослободувајќи ензими во телото кои ги уништуваат клетките на туморот и го спречуваат неговото ширење, односно метастазирање во далечните органи и ткива.

Брокулата како јак антиоксиданс е на врвот на топ-листата на исхраната со зеленчук, затоа што ја спречува апоптозата (процесот на умирање на клетките) во организмот. Содржи состојки што се нарекуваат сулфорани, природни хемиски материи што даваат препознатлив вкус и можат да го поттикнат самоуништувањето на раковите клетки. Така лекарите редовното внесување брокули во организмот го сметаат за превенција на ракот на дојката.

Брокулите содржат и индоли, состојки што го забрзуваат метаболизмот на женскиот хормон естроген, кој е директно одговорен за малигните промени во структурата на клетките на дојката. Забележано е дека кај жените што внесуваат редовно брокула, а со тоа и големо количество фолна киселина, шансите да заболат од рак на грлото на матката или од рак белите дробови се помали.

Брокулата е корисна и за дијабетичарите

Брокулата им се препорачува на дијабетичарите, затоа што содржи концентрат на хром, кој има функцијата да го намалува шеќерот во крвта. Дневната потреба на организмот на дијабетичарите изнесува 25 милиграми, а само во 100 грама брокула има 22 милиграми хром. Оттука дневно секој дијабетичар треба да внесува најмалку 100 грама брокула.

Брокулата ја подобрува и работата на дигестивниот систем, бидејќи 100 грама брокула содржат најмалку 3,6 милиграми фибрични влакна, кои му се потребни на желудникот.

Брокула - антистрес зеленчук

Брокулата е најдобар антистрес зеленчук. Тој го намалува стресот, го подобрува расположението, па им се препорачува на сите лица кои се под стрес, но и на спортистите и на децата во развој, на кои им треба, во тој период на раст и развој на телото, посилна исхрана богата со витамини, минерали и соли и други корисни и неопходни нутритиенти.

Брокулата ги штити очите и го зајакнува видот

Брокулата го чува и видот. Секојдневното изложување на УВ зраци доведува до пегаста дегенерација на окото, која е една од главните причини за губењето на видот. Утврдено е дека брокулите можат да го заштитат окото од УВ зрачењето со јачина шест.

Брокулата е корисна и за време на бременоста

Особено е важно брокулата да се внесе во исхраната за време на бременоста, кога на организмот му е потребна посилна исхрана богата со витамини, минерали и соли. Брокулата е богата со калциум и со магнезиум, кои се важни за формирање на коските, забите и ноктите на фетусот. Богата е со железо, а со редовно внесување на брокулата се спречува и слабокрвноста во организмот. Таа содржи железо и фолна киселина, која е неопходна во првите 12 недели од бременоста, а содржи и спектар од Б-витамини.

Совети за подготвување на брокулата

Брокулата треба да се знае и да се приготви, бидејќи со нејзиното варење и приготвување можат да се загубат хранливите материи. Таа треба да биде мека, но не и да се распаѓа. Водата во која се варела брокулата е многу богата со хранливи состојки и може да се пие. Брокулата може да се искористи и во функција на разубавување, бидејќи содржи бетакаротен и витамин А.

Секако, брокулата може да се каде и свежа, приготвена како салата, било како сама, или во комбинација со друг вид на зеленчук. најдобро е салатата од брокула да се зачини со лимонов сок и со нерафинирани, ладно цедено маслиново масло. Антиоксидансите полифеноли, кои се наоѓаат во ладно цеденото маслиново масло, го намалуваат дејството на генот ХЕР2 кој влијае на развојот на ракот на дојката, покажале резултатите од истражувањата на шпанските научници. Па затоа е одличен додаток на салатата од брокула.