Мозок - емболија, инфаркт и анеуризма

МОЗОК: ЕМБОЛИЈА, ИНФАРКТ И АНЕУРИЗМА

Мозочна емболија или церебро-васкуларна блокада се случува кога ќе прекине дотокот на крв кој вообичаено снабдува со крв одредеден дел од мозокот, што доведува до изумирање на невронит поради прекин на донесување на кислород за кратко време (3,5 до 6 минути).

Оваа блокада може да биде предизвикана од:

Атеросклероза која предизвикува формирање на крвни коаглулуми кои може да доаѓаат од други делови на телото, од крварење или од прекин на артерија.
Постои голема сличност меѓу мозочната емболија и срцевиот инфаркт. Разликата е во тоа што кај срцевиот инфаркт умираат влакната на срцевиот мускул, а кај мозокот умираат невроните.

Анеуризма е проширување или зголемување на артеријата поради зголемен крвен притисок. Анеуризмите се многу опасни поради тоа што вршат притисок на околните ткива. Можат да направат пробибање на зафатената артерија, предизвикувајќи крварење. Оштетувањето зависи од локацијата на анеуризмата.
Ако е лоцирана на мозокот, лицето може да биде полу-парализирано во еден екстремитет или цела една половина. Ова може да се случи и во други делови на телото.

Симптоми:

Поврзани се со функциите на зафатената регија: обично се оштетени движењата на едната страна на телот, вклучувајќи ги рацете, нозете и мускулите на лицето.
Од друга страна, мемориските функции се зафатени или сочувани во зависнот од страната на емболијата. На пример, ако емболијта е на левата страна, ќе биде зафатено зборувањето. Лицето ќе ги препознава работите, но нема да може да ги именува. ќе може да се сети што се случувало во детството или во далечното минато, но нема да може да се сети што се случило неодамна или вчера. Сите овие симптоми може да варираат во зависност од зафатената регија. Само со проучување од страна на невролог ќе може да се одреди ситуацијата и што треба да биде превземено.

Причини:

Висок крвен притисок, гојазност, артериосклероза, дојабет, постара возраст и пушење се фактори кои го помагаат појавувањето на емболија.

Препорачан третман:

Најдобар третман е превенцијата. Најдобар начин за рехабилитација е физикалната терапија и терапијата на говорот, но сепак и соодветната исхрана игра голема улога. Исхраната со малку натриум (сол) го намалува крвниот притисок; храната со малку холестерол исто така помага во превенцијата на емболизам.
Гинко билоба предизвикува ширење на крвните садови што пак го намалува крвниот притисок. При испитувања при кои е давано Гинко билоба е утврдено подобрување како резултат на поголемото количество на крв со кислород и хранливи материи, кое доаѓа до оштетените регии така што нервните клетки побрзо оздравуваат, овозможувајќи подобрување на оштетените можности на лицето.

Поради ширењето на крвните садови се врши и превенција на идна емболија. треба да се спомне дека оштетените нервни клетки (неврони) никогаш не се обновуваат и се засекогаш изгубени. Во овој случај, другите делови на мозокот ги превземаат функциите на оштетениот дел. Добрата исхрана ја потпомага оваа функција.

Треба да се вклучи и внес на лук (антикоагулант), како и Витамин Ц и Б-комплекс витамини кои ги зацврснуваат крвните садови. Витаминот Е помага во превенцијата на формирање на крвни коагулуми.